Италијанските екипи кои имаат обврски во европските фудбалски купови ќе ги играат натпреварите кои што се закажани. Комплетната забрана за спортот во сите нивоa која ја одреди Италијанскиот олимписки комитет не ги опфаќа овие средби како и другите меѓународни настапи на екипи и репрезентации од земјата.
Италија има три екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите. За утре е закажан реваншот меѓу Валенсија и Аталанта, Јувентус следната седмица на 17 март го игра реваншот против Лион, а Наполи следната среда и гостува на Барселона. Во Лига Европа, в четврток, Рома гостува кај Севилја, а Интер треба да го пречека Хетафе. Во текот на викендот имаше информации дека мечот би можел да биде одигран во јужна Италија, дел од земјата кој не е толку зафатен од опасноста од коронавирусот. Интер веќе реши дека младинскиот тим нема да го одигра дуелот против Рен закажан за в среда свесно ризикувајќи службено да го загуби натпреварот.
За дел од натпреварите веќе е потврдено дека ќе бидат одиграни без присуство на публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА