Полска на хартија важи за фаворит на дуелот со Македонија, но селекторот Јиржи Бржечек не е подготвен за офанзива од првата минута на Националната арена „Тодор Проески“.
Напротив, и покрај извонредниот напаѓачки потенцијал што го има на располагање, полскиот кормилар мечот ќе го почне со само еден играч во нападот. Изборот очекувано падна врз Роберт Левандовски, што ќе значи дека Пјонтек и Милик ќе чекаат шанса во второто полувреме да влезат во игра и да го загрозат голот на Македонија. Поддршка на Левандовски ќе му биде Зиелинки од Наполи, а многу опасен знае да биде и Гросицки, кој делува како лево крило.
Фабијански очекувано ќе биде прв голман по повредата на Шчешни, а многу значајно за полскиот состав е што по серијата повреда подготвен за настап е командантот на одбраната, Камил Глик од екипата на Монако.
ПОЛСКА: Фабијански, Бережински, Глик, Беднарек, Рибус, Франковски, Криховијак, Клих, Гросицки, Зиелински, Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

