Како ќе се снајде Тотенхем без Сон?

Антонио Конте има сериозен проблем да го извлече најдоброто од тимот на Тотенхем, а италијанскиот стратег на извесно време остана и без помошта на најдобриот фудбалер на „спарси“ сезонава, корејскиот репрезентативец Хеунг-Мин Сон.

Крилниот офанзивец беше заменет во второто полувреме од полуфиналето во лига-купот против Челси, за денеска да биде обелоденето дека тој има незгодна повреда на мускулот. Сон ќе пропушти најмалку пет средби на Тотенхем, реваншот со Челси, потоа мечот од ФА Купот против Морекамб, како и трите тешки премиерлигашки пресметки што ги очекуваат „спарси“ во јануари, против Арсенал, Лестер и Челси.

„Го повлеков Сон од игра за да се одмори, не се жалеше на никаков проблем. Потоа, ден по мечот рече дека малку го боли ногата, го испративме на снимање и беше утврден сериозен проблем“, изјави Антонио Конте.

Се вчитува...