Како Луковиќ заврши во Партизан: Ме прашува Џикиќ… пиеш ли, пушиш ли… не го излажав

Урош Луковиќ и оваа сезона беше меѓу најдобрите центри во мак-баскетот како член на Куманово, а српскиот кошаркар како гостин на подкастот „Јао Миле“ говореше за времето минато во Македонија пред десетина години.

Поточно, на сезоната 2015/16 во која како член на МЗТ Скопје за првпат заигра во АБА-лигата.

„Цел живот ја гледав АБА на телевизија, сакав да пробам да играм во неа. И кога отидов во МЗТ, прв меч – Металац Ваљево, а јас давам 14 поени. Си велам, можеби се некој слаб тим, можеби се распад систем… а не беа… таа сезона беа одлични, завршија петти или шести. Следен меч, Партизан во Скопје, јас 20 поени. Ах си реков, го можам ова… давам гас…“, се присетува Луковиќ.

Притоа, тој откри интересна анегдота како се случи да потпише за тимот на Партизан, што го водеше поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.

„Отидов на проба во Партизан, на еден месец. Ми звони Џиле и ми вели, дојди да поразговараме. Само што седнавме, дирекно ме праша: Пиеш? Му велам: Слабо. Пушиш? Убивам, две кутии дневно… Што да му кажам, секогаш сум ја велел вистината, јас сум секогаш искрен. Ми вели Џикиќ: Добро, не ме излажа за ништо, се гледаме во понеделник. Тоа беше проба, минаа три седмици, а јас потоа останав до крајот на сезоната“, истакна Урош Луковиќ, кој во црно-белиот дрес имаше просек од 7,9 поени и 5,2 скокови по натпревар.

Се вчитува...