Како Марадона го научи Меси да изведува слободни удари

Лионел Меси изведе совршен слободен удар на мечот против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, кој неговата Барселона го доби со 3-0. Тоа беше хируршки прецизен удар од 25 метри, на кој ни одличниот голман на „црвените“ Алисон не успеа да интервенира.

Тајната на изведување на слободни удари на Меси, ја откри поранешниот кондициски тренер на аргентинската репрезентација Фернандо Сињорини, кој тврди дека причината за мајсторството на Меси е Диего Армандо Марадона.

„Во 2009 година неколку месеци откако Марадона стана селектор на Аргентина игравме пријателски натпревар во Франција. Имавме тренинг, а Меси, Тевез и Маскерано замолија да останат уште малку како би можеле да вежбаат слободни. Меси изведе еден слободен кој беше очаен, се налути и замина во соблекувалната. На Марадона не му се веруваше како може еден толку талентиран фудбалер да замине во соблекувална по еден лошо изведен слободен. Одлучи да му укаже на грешките. Му рече да не го крева стапалото од топката толку брзо. Марадона ја зема топката и го погоди аголот од голот. Меси само гледаше и се воодушевуваше. Сето останато е историја“, изјави Сињорини. 

Меси ги доведе слободни удари до совршенство, а веројатно најголем виновник за тоа е самиот Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...