Како не доживуваат домаќините: На терен очајно, на трибини волшебно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација потфрли на стартот од Светското првенство 2023 во Полска. Не се болни поразите, но начинот на кој се доживуваат истите, кои носат разочарување пред се меѓу самите ракометари а потоа и во целата македонска спортска јавност.

А, како не доживуваат организаторите на шампионатот во Краков? Домаќините, наспроти изненадувањето кое и нив им го приредуваме со лошите игри на терен, пак, се воодушевени од македонските навивачи на трибините…

„Ајде да не зборуваме за тоа како изгледате на терен. Да бидеме искрени, многу лошо… Но, мора да и бидеме благодарни на Македонија затоа што сите ваши навивачи го заживеаја Краков. Немаше да се почувствува атмосфера на вака голем спортски настан, ако не беа вашите навивачи на трибините“ – ни коментираат организаторите на Мундијалот во Полска.

„Фалангата“, без сомнение, го привлекува најголемото внимание и кога се во прашање оние малку медиуми присутни во Краков од Норвешка, Холандија, Шпанија, Аргентина… Верноста која навивачите ја демонстрираат кон македонската ракометна репрезентација е воодушевувачка!

 

Се вчитува...