Македонската фудбалска репрезентација, со денешната победа од 1-0 против Летонија во петтиот натпревар од Лигата на нациите, си запиша уште еден рекорд во својата историја. Четири едноподруго победи без примен гол, што е за првпат од постоењето на националниот тим во независноста.
Нескриено беше задоволството меѓу македонските репрезентативци и по новата победа над Летонците кои веќе се вообичаени македонски „пациенти“. И во петтиот меѓусебен натпревар против Летонија, Македонија дојде и до петтата победа, за единствен максимален ефект по најмалку пет меѓусебни дуели против една селекција.
Никола Серафимов беше херојот во победата на националниот тим со својот прв репрезентативен гол. Овој пат, и тоа како значаен, за важни три бода во желбата за што повеќе бодови во групата за надеж за обезбедување бараж за пласман на Светското првенство 2026…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА