Растот и развојот на Јаник Синер очигледно е дело и на Новак Ѓоковиќ. Синер неодамна зборуваше за тоа како Ѓоковиќ му помогнал во раните фази од кариерата и дека тренирале заедно уште во 2021 година.
Сепак, сега ни е познато уште еден агол на целата приказна, а тоа го откри тренерот на Италијанецот, Дарен Кејхил.
Сè се случило во 2022 година, кога Новак успеа да сврти 0-2 во сетови против Јаник во четвртфиналето на Вимблдон.
„Го прашав Новак во лице што мисли по тој натпревар. Многу играчи би рекле: „Јаник е одличен играч, само нека продолжи. Некој ванила муабет. Новак го анализираше нивниот натпревар и рече: „Му треба повеќе разновидност, да го подобри својот сервис, да оди на мрежа малку почесто…“ Тоа навистина ни помогна“, почна Кејхил.
Искусниот тренер, кој заминува во пензија на крајот од актуелната сезона, објасни зошто тие зборови на Србинот биле од пресудна важност.
„Не дека не знаевме на што треба да работиме, туку дека Јаник го слушна тоа од Новак. Така, пред три години Новак навистина ни помогна да подобриме сè што требаше“, додаде Кејхил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

