Челси не успеа да дојде до победа над Лидс во 26. коло во Премиерлигата, откако одигра само 2-2. Директен виновник за тоа е Кол Палмер, кој што се посрамоти во последните мигови од мечот.
Играчот на лондонските сини имаше неверојатно промашување, откако од само 2-3 метри го префрли голот на Лидс, иако имаше пред себе празна мрежа. Ова промашување може да биде прогласено за „утка“ на сезоната во Премиерлигата.
Навистина е неверојатно играч од ваква класа да не го погоди ова, и така од херој на крајот се претвори во трагичар.
Промашувањето на Палмер може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

