Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше најзаслужниот за синоќешната победа од 2-0 на Џенова против „својот“ Интер… Пандев го постигна вториот гол за домашните со кој беше запечатен поразот на „нераѕурите“.
Но, покажувајќи максимална почит за клубот во кој ги мина најславните свои фудбалски денови, Пандев не го прослави еуфорично погодокот, сепак реализирајќи специфична прослава како најава…
Но, затоа пак никој не можеше да ја запре еуфоријата на „Луиџи Ферарис“ во Џенова по неговиот гол кој беше 80-ти во кариерата во Серија А.
На крајот по напуштањето на играта, „Гранде Пандев“ сосема заслужено доби и стоечки овации од „Луиџи Ферарис“…
Standing ovation for #Pandev #genoainter pic.twitter.com/VglDfnMkJE
— ForzaItalianFootball (@SerieAFFC) February 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА