Англија преку изведувањето на пеналите ја елиминираше Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Голманот на Англичаните, Џордан Пикфорд успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Аканџи уште во првата серија. Медиумите, по мечот, ја открија и тајната подготовка на Пикфорд за изведувањето на пеналите на противничките играчи.
Пикфорд на своето шише за вода имаше напишано дури 18 имиња од швајцрската селекција со инструкции на која страна ги изведуваат пеналите. И, навистина ја погоди страната на Аканџи.
Jordan Pickford’s water bottle came up clutch 💪 pic.twitter.com/070uYtGjrW
— B/R Football (@brfootball) July 6, 2024
Но, она што е интересно е дека не се придржуваше баш како што му беше напишано на шишето. При вториот пенал кој го изведуваше Фабијан Шар, инструкциите беа „симулирај десно а фрли се лево“, но голманот на Англија го направи спротивното и не успеа да одбрани. А, Шар да постапеше по инструкциите на шишето ќе го одбранеше и тој пенал.
Џердан Шаќири, исто така, шутираше на страната според инструкциите, а Пикфорд за малку ќе го одбранеше и тој пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА