Марио Балотели е познат по својата проблематична личност која најверојатно го чинеше и подобра фудбалска кариера. Но, од сите атрактивни приказни за Италијанецот, помалку познато е дека, како 16-годишник, во 2006 година напаѓачот бил на проба во Барселона.
На овој момент се присети тогашниот раководител на младинската школа, Хозе Рамон Алеханко, кој откри дека Балотели ги воодушевил тренерите со своите фудбалски способности, но уште тогаш го покажал проблематичниот карактер што го натерало клубот да не ризикува со голгетерот и покрај блескавата проба.
„Одигра одлично, навистина беше феноменален. Се сеќавам дека постигна вкупно пет гола на пробата и сигурно имаше фудбалски квалитети за да го задржиме. Но, имаше и посебен карактер, во целата приказна се приклучија и менаџерите па на крајот се одлучивме да се откажеме од него“ – изјави Алеханко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

