Како пропадна трансферот на Нико Вилијамс во Барселона?

Нико Вилијамс на почетокот од летово одби понуда од Барселона и реши да ја продолжи својата верност кон Атлетик Билбао, потпишувајќи неверојатен десетгодишен договор со својот матичен клуб. Оваа вест го шокираше фудбалскиот свет, а за Барселона тоа беше голем удар бидејќи беа исклучително заинтересирани да го доведат 23-годишниот шпански репрезентативец.

Како што пишува АС, преговорите меѓу спортскиот директор на Барселона, Деко, и агентот на Вилијамс, Феликс Таинта, на почетокот поминале непречено, но Каталонците набрзо сфатиле дека агентот водел преговори и со Атлетик за нов, подобрен договор.

Ова предизвика фрустрација кај челниците на шпанскиот шампион, а еден од нив наводно директно го контактирал Вилијамс и му предложил да го отпушти Таинта и да ангажира повлијателен агент, како што се Жорге Мендеш или Пини Захави. После тоа, Вилијамс застанал на страната на својот агент, и преговорите пропаднале.

Се вчитува...