Барселона со победата над Еспањол ја освои 27. титула во шпанска Ла ли, а многу брзо по крајот на натпреварот честитки упатија најлутиот ривал Реал Мадрид и „омразениот“ претседател на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Кралскиот клуб беше во сериозен клинч со Барселона пред само неколку недели. Темата се судиите, нивната исплата и случајот „Негреира“. Сепак, како голем клуб, сето тоа беше ставено на страна во моментов и му честитаа на својот ривал за големиот успех.
„Честитки за Барселона, шампионот на Ла Лига во сезоната 2022-2023“, стои на официјалниот профил на Реал Мадрид на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА