ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на ЕП 2024, откако вечерва загуби на отворањето на шампионатот од селекцијата на Франција со резултат 39-29.
Избраниците на Лазаров одиграа одлични стартни петнаесет минути, но тоа беше недоволно за посериозен отпор, бидејќи штом Французите заиграа во препознатливиот ритам, резултатот експресно се сврте во нивна полза и на крајот стигнаа уедлива победа.
Токму на стартот на првото полувреме феноменален на нашиот гол беше Никола Митревски кој буквално си поигруваше со Французите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА