ЛА Лејкерс синоќа во својот „Стејплс центар“ славеа против Далас со 114-103.
Немаше некоја посебна ноќ рукито на Далас, Лука Дончиќ, но првата четвртина дефинитивно ја одбележа неговата двојна блокада на Леброн Џејмс. Во првиот меѓусебен дуел Дончиќ бараше дрес од „Кралот“, а овој пат се одлучи да си поигра како со мало дете.
Сепак, не му одеше до крај синоќа на Дончиќ кој запиша само шест поени со лош шут од игра (2/13).
Од друга страна, Леброн пружи уште една одлична партија завршувајќи го дуелот со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА