Македонија повторно ќе биде дел од светската ракометна елита, иако денеска на моменти македонските ракометари самите си ја искомпликуваа ситуацијата на реваншот со Романија.
Домаќините на помалку од осум минути до крајот поведоа со 24-20, но за финишот да не биде нервозен за нас се погрижи Столе Стоилов, кој одлично се загради, па на асистенција на Прибак го постигна клучниот погодок. Веќе во следниот напад Романците погрешија, по што стана јасно дека скопските „минус осум“ се недостижни за нив, па Македонија ќе биде дел од мундијалот што наредниот јануари ќе се одржи во Данска и во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА