Кристијано Роналдо на 36-годишна возраст реши да се врати назад во Манчестер Јунајтед, но Португалецот не се прослави во камбекот што беше еуфорично прославен од навивачите на „црвените ѓаволи“.
Тој дојде додека Солскјер беше на чело на Јунајтед, набрзо потоа на клупата дојде Рангник со кого Кристијано влезе во конфликт, а незадоволството продолжи и кога Ерик тен Хаг пристигна за нов шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед. Тен Хаг му даде шанса на Роналдо на стартот од сезоната, но како што одминуваше времето така и неговата улога во тимот се минимизираше, по што Португалецот на крајот реши да си замине и ја прифати понудата за преселба во Саудиска Арабија.
Поранешниот асистент на Тен Хаг, Стив Мекларен, во изјава за британски „Телеграф“ откри детали од конфликтот меѓу холандскиот стратег и португалската супертвезда.
„Тен Хаг е човек со карактер, кој јасно им става до знаење на играчите, или ќе играте како што ќе ви кажам, или нема да влезете на терен. Ги има истиот третман кон сите подеднакво, на Роналдо гледаше како на секој друг и мислам дека беше во право. Солскјер го направи задоволството на Кристијано свој приоритет и згреши. Рангник се обиде со убаво, не успеа, па на крајот завршија во конфликт. Тен Хаг од самиот почеток беше искрен и директен, јасно стави до знаење што очекува… „Ако не трчаш доволно, нема да играш“, беше пораката до сите, па и до Роналдо. Кога виде дека Кристијано не се труди премногу додека е на теренот, Ерик го пресели на клупата… тој не се плашеше да им даде шанса на помладите фудбалери додека најзвучното име беше меѓу резервите. Од мој аспект, сосема правилна одлука“, обелодени Мекларен, кој сега ја извршува функцијата селектор на репрезентацијата на Јамајка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА