„Како Црвена Звезда да има успех кога купува играчи со гледање на ЦД“

Црвена Звезда го заврши својот европски пат уште во групната фаза во Лигата на шампионите. После поразот од Јанг Бојс во Берн, јасно е дека српскиот шампион нема никакви шанси да дојде до третото место на табелата пред одигрување на последниот натпревар против Манчестер Сити во Белград.

Екс голманот и легенда на овој клуб Ратомир Дујковиќ, го коментираше неуспехот на српскиот првак во Европа.

„Нејасно е се… ова не функционира. Бахар има непознавање, недостаток на ком уникација со играчите. Тоа е основата на проблемот. Носи играчи со половичен учинок. Но, тој веројатно не ги бираше сам играчите. Тука се и Мркела, Марин, можеби и терзиќ. Ендиаје е купен буквално со гледање на ЦД. За трагедијата да биде поголема, тие беа ангажирани воочи старто на натпреварувањето, наместо да ги минат подготовките со тимот кога беа бележени одлични резултат. Но потоа дојде поинаква игра и нивната невоиграност беа причина за пад на формата“, коментираше Дујковиќ за „Спорски журнал“.

Се вчитува...