Најтрофејниот тенисер во историјата на големите турнири, Новак Ѓоковиќ прикажа фантастична игра на стартот на Австралија Опен совладувајќи Педро Мартинез со 3-0.
Шпанскиот тенисер немаше шанса против расположениот Србин кој првиот сет го доби со 6-3, а во вториот и третиот славеше со 6-2 на големо задоволство на фановите во Австралија.
Србинот во следното коло го очекува италијанскиот тенисер Франческо Маестрели кој во драматичен меч славеше со 3-2 против Францизнот Теренс Атман, приредувајќи изненадување како послабо рангиран тенисер на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

