Хелена за првата средба со Златан: Првото што го видов кај него беше големиот нос и златен часовник на раката

Хелена Сегер е животната сопатничка на Златан Ибрахимовиќ, со која шведскиот голгетер има две деца, но никогаш не се венчаше. Таа во интервју за шведските медиуми обелодени како се запознала со фудбалерот, кој во прв момент ја извадил од кожа со своето однесување.

„Се расправавме на паркинг. Имав 32 години, тој само 21. Со своето Ферари ме имаше заградено, па не можев да излезам со мојот Мерцедес. Бев многу бесна, само врескав по него, првото што го забележав беше големиот нос и златниот часовник што го носеше на раката. Мислам дека тоа што викав по него му се допадна“, обелодени Сегер.

Хелена своевремено беше поп-ѕвезда во својата држава и токму тоа е причината поради која таа не сака да биде во брак со светски познатиот фудбалер.

„Јас имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер за да ме храни. Мислам дека Златан ми се допаѓа затоа што сме различни карактери, бидејќи можам да му се спротивставам. Имам важно минато и изградив кариера со многу откажувања на патот до ѕвездите. Не сакам на мене да гледаат како на жена на фудбалер, бракот може да ми го поремети чувството на независност и затоа ми е добро вака како што е“, истакна Сегер.

Се вчитува...