Како ѕвезда на Премиерлигата замина во Саудиска Арабија, по шест мачни месеци се сели во Турција

Џон Дуран, колумбискиот фудбалер кој блесна во редовите на Астон Вила постигнувајќи 12 голови на 29 одиграни натпревари па ги шокираше фановите прифаќајќи преселба во Ал Наср на само 21-годишна возраст по шест месеци поминати во Саудиска Арабија е подготвен одново да ја промени средината.

Но, овој пат не се враќа во Премиерлигата, туку очекувањата се дека неговиот нов клуб ќе биде Фенербахче. Во турскиот состав ќе има шанса да учи од еден од најдобрите стратези, Жозе Мурињо.

Дуран не се прослави во саудиското првенство па Ал Наср е подготвен да се раздели од Колумбиецот кој има плата од речиси 20 милиони евра по сезона со цел него да го замени со Виктор Бонифејс. Како потсетување, саудискиот клуб е ограничен на осум странски засилувања над 21 година.

Се вчитува...