Астон Вила триумфираше со 2-1 против на „Вила Парк“ во Бирмингем во дербито на 15. коло од Премиерлигата. И тоа, во драматичен финиш, благодарение на голот на Буендиа во петтата минута од судиското продолжение.
Домашните до предност дојдоа со голот на Кеш во 36. минута од натпреварот.
Но, Арсенал успеа да израмни со погодокот на Тросар во 52. минута.
Астон Вила беше подобра во финишот. Сето тоа како да го навести победникот.. Мален во 78.минута и Матсен во 84.минута имаа убави можности за погодок, но не успеаја да реализираат.
Па, на крај, Буендиа во 95. минута, по долга мешаница пред голот на „топџиите“ реализираше за конечни 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

