Каков фуриозен старт на Реал Мадрид во финалето од Суперкупот на Шпанија против големиот ривал Барселона кое се игра во Ријад.
„Кралевите“ со двата гола на Винисиус по само девет минути од почетокот на мечот дојдоа до предност од 2-0.
Винисиус најпрво погоди во 7. минута на асистенција на Белингам, а потоа стрелаше и во 10. минута, овој пат на асистенција на Родриго.
Но, Барселона успеа да се врати во игра на мечот со голот на Левандовски во 33. минута за 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА