Мохамед Анас постигна два гола за Фри Стејт Старс во ремито против Ајакс Кејптаун во јужноафриканската лига, беше прогласен за играч на натпреварот и во еуфоријата направи тежок гаф пред камерите.
Откако со ефикасните потези на терен го сврте вниманието на себе, Анас потоа застана пред камерите да даде изјава по натпреварот. И, тука ја „оплеска“.
Воодушевен од натпреварот, јужноафриканскиот фудбалер им се заблагодари на сите и на сопругата несакјаќи и откри дека има и девојка…
„Им благодарам на сите за поддршката. Посебно на мојата сопруга и на мојата девојка!“ – рече Мохамед Анас.
Кога сфати што направил, фудбалерот се обиде да ја поправи работата…
„Мислам на мојата сопруга, на мојата сопруга. Те сакам душо…“
Ама, изгледа беше малку прекасно. Анас по несреќната изјава сигурно имал „трето полувреме“ дома за да објасни дека тоа било само неспретен или несреќен случај во изразување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА