Српскиот голман и член на Севилја, Марко Дмитровиќ, успеа да се одбрани од еден навивач на ПСВ за време на гостувањето во Ајндховен. Целиот меч остана во сенка на тој момент, кога еден фан влезе на теренот и се обиде да се пресмета со голманот, кој на крајот го собори фанот и чекаше полицијата да реагира.
Фановите на ПСВ се оградија од настанот, а ја воодушевија фудбалската јавност откако претставници на навивачката група на тимот од Ајндховен, заминале во Севилја да му се извинат на чуварот на мрежата.
„Драг господине Дмитровиќ, ви должиме извинување од страна на навивачите на ПСВ. Се надеваме дека сте добро. Ви посакуваме се најдобро и среќа во Лигата на Европа“, стои во извинувањето.
From us, to you Marko! 😘#EEUWIGTROUW@the_mitrovic1 | @SevillaFC pic.twitter.com/bS1ZpV7vl1
— Supportersvereniging PSV (@supverpsv) March 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА