Каков хаос: Бецеки ќе го презгазеше шампионот Марк Маркез (видео)

Страшна сцена уште во првиот круг од денешната трка во Индонезија, во кој новиот шампион Марк Маркез го извлече подебелиот крај од судирот со Марко Бецеки.

Всушност, Бецеки е единствениот виновник за големиот инцидент откако се судри со Маркез додека возеше зад него. Шпанецот веднаш падна, а неколку секунди подоцна додека лизгаше по песокот тој за малку ќе беше и прегазен од Бецеки.

Марк Маркез веднаш беше пренесен во болница, а првите информации велат дека има сериозна повреда – фрактура на рамото поради која нема да може да се врати на патеките до крајот на оваа сезона во Мото ГП шампионатот.

Се вчитува...