Португалскиот прволигаш Беленсес во целосен хаос го дочека натпреварот со Бенфика вечерва, и не го доигра затоа што истиот беше прекинат на полувремето при резултат 0:7. Домашниот тренер на теренот излезе со само девет играчи, од кои и двајца голмани и неколку млади играчи само да се испочитуваат правилата. Причината за вакво нешто е 17 заразени играчи на Белененсес со ковид-19, а федерацијата не излезе во пресрет да го одложи мечот.
На полувремето кога Бенфика имаше 0-7, домашните фудбалери со стручниот штаб донесоа одлука да ја прекинат „агонијата“ затоа што беа свесни дека ќе им се случи огромна катастрофа.
Играчите на Бенфика излегоа на теренот, но домашните се задржаа подолго во соблекувалната. На крајот Беленсес остана со само шест играчи, судијата свирна крај, а сега мечот оди на „зелена маса“.
🇵🇹 Un joueur s’est claqué ! Belenenses n’est plus qu’à six.
📲 #RMCPortugal pic.twitter.com/ntB2DDk2Z7
— RMC Sport (@RMCsport) November 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА