Каков хорор за ПСЖ – повреди на двајцата најважни првотимци

ПСЖ претрпе пораз на домашен терен од Баерн Минхен, но многу поголем проблем за Луис Енрике од резултатот на овој меч се повредите на двајцата клучни првотимци на „светците“, Усман Дембеле и Ашраф Хакими.

Дембеле се жалеше на повреда и во пресрет на овој меч, Енрике реши да ризикува но очигледно донесе погрешен избор бидејќи главниот напаѓач на „светците“ издржа само дваесетина минути на теренот пред самиот да побара да биде заменет. Многу посериозно делува ситуацијата со Хакими, кој настрада при еден брутален старт на Луис Дијаз (за кој Колумбиецот доби директен црвен картон) и со солзи го напушти теренот.

„Toa e фудбалот, контактен спорт во кој за жал некогаш се случуваат и вакви работи. Не изгледаше добро и жал ми е за Хакими, повеќе детали ќе имаме по лекарските прегледи“, изјави разочарано Луис Енрике по натпреварот.

Едно е сигурно, на следниот меч од француското првенство, дерби дуелот со Лион, стратегот на ПСЖ нема да може да смета ниту на Дембеле, ниту на Хакими.

Се вчитува...