Каков „кикс“ на Донарума: Минамино не простува на „Паркот на принцовите“

Џанлуиџи Донарума потврди дека се наоѓа во слаба форма со катастрофалната грешка на вечерашното дерби меѓу ПСЖ и Монако, на кое италијанскиот голман им подари на гостите гол за израмнување на 1-1.

ПСЖ поведе со голот на Рамос по една слаба интервенција на гостинскиот голман, а Донарума ја „возврати услугата“ кога со едно лошо исфрлање од сопствениот петерец му ја подари топката на Минамино, а јапонскиот репрезентативец не ја пропушти можноста да го израмни резултатот.

Големата грешка на Донарума и голот на Минамино можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...