Каков кошмар: Капитенот на Борусија ги скина лигаментите

На проблемите на Борусија Дортмунд како да им нема крај откако „милионерите“ најпрвин беа елиминирани од Аталанта во ЛШ, а потоа го загубија и дербито со Баерн Минхен на домашен терен, што практично значи и збогување од трката за титулата.

Згора на тоа, на овој натпревар тешка повреда заработи капитенот на „милионерите“, Емре Џан, кого го очекува повеќемесечна пауза по операцијата на коленото што ќе му биде извршена во следните денови.

Деталните прегледи покажале кинење на вкрстените лигаменти во левото колено, по што ќе следи повеќемесечна пауза, Џан нема да се врати на терените до крајот на сезонава, а ќе го пропушти и претстојниот мундијал.

„Повредата на Емре е огромно разочарување за сите. Тој е нашиот капитен, секогаш го става тимот на првото место, важен дел е од нашиот клуб. Тој ќе ја има нашата поддршка во наредниот период, за да може целосно да се рехабилитира и потоа да се врати на терените“, изјави директорот на Борусија, Себастијан Кел.

Се вчитува...