Маурицио Покетино се соочува со огромен проблем пред самиот старт на новата премиерлигашка сезона откако беше обелоденето дека повредата што Кристоф Нкунку ја заработи на пријателскиот меч со Борусија Дортмунд е сериозна.
Деталните прегледи утврдиле значително оштетување на менискусот, поради што екс-фудбалерот на Лајпциг ќе мора што поскоро да биде опериран. Според првичните лекарски прогнози, паузата на францускиот ас од терените ќе изнесува околу два месеци, а не се исклучува ниту уште подолго неиграње на Нкунку, кој поради проблеми со коленото пропушти и голем дел од ланската сезона со Лајпциг.
„Сините“ во првото коло од новата сезона в недела ги очекува дерби на домашен терен со Ливерпул, дуел за кој се очекува во нападот на Челси да стартува Џексон. Повредата на Нкунку само ќе ги интензивира преговорите со Јувентус за размена на напаѓачите, со која Челси би го добил Душан Влаховиќ, а во таборот на „старата дама“ би го испратил Ромелу Лукаку, со доплата од околу 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

