Изненадувањата на женскиот дел од Вимблдон кулминираа со вечерашниот дуел меѓу Гарбине Мугуруза и Алисон ван Ујтванк од Белгија, во кој актуелната шампионка беше принудена на капитулација. Мугуруза умешно го доби израмнетиот прв сет со 7-5, но потоа Белгијката целосно ја презеде контролата над мечот и ја декласираше шпанската тенисерка со 2-6, 1-6.
За Ван Ујтванк ова беше прва победа во кариерата над ривалка од Топ 10 тенисерките од ВТА-листата, а Белгијката во следното коло ќе се сретне со Контавеит.
По комплетирањето на второто коло од првите пет носителки во игра за трофејот остана само Симона Халеп, додека елиминирани се Вознијацки, Мугуруза, Стивенс и Свитолина. Од шестото до осмото место на ВТА-листата „во аут“ се уште и Каролин Гарсија и Петра Квитова, а дел од Вимблдон останува Каролина Плишкова, која пак за првпат во кариерата го мина второто коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА