ПСЖ рутински стигна до бодовите против Оксер, но тој триумф беше прескапо платен откако уште двајца важни првотимци заработија повреди, и тоа на само четири дена пред мега-пресметката со Барселона во второто коло од Лигата на Шампионите.
Главниот плејмејкер Витиња асистираше при првиот гол на Забарњи, но неколку минути подоцна се пожали на повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Повреда во првиот дел заработи и Кварацхелија, кој се обиде да продолжи, но сепак Енрике го повлече од игра на стартот од второто полувреме.
Од претходно повреден е Усман Дембеле како и Дезире Дуе, а големи се шансите против Барса да не настапи ниту Жоао Невеш, кој неодамна исто така заработи незгодна повреда.
Во една таква ситуација, огромен ќе биде предизвикот за европскиот првак без бројни клучни првотимци да се обиде да го земе скалпот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

