Каков ладен туш – Камерун со два брзи гола до 3-3 против Србија

Србија и Камерун го играат најинтересниот натпревар на СП 2022, откако Србите по почетните 0-1 за противникот стигнаа до водство од 3-1, за сега африканската селекција со два брзи гола да израмни на 3-3.

Мечот делуваше како завршен кога Митровиќ погоди за 3-1, но Камерунците се вратија благодарение на „резервистот“ Абубакар. Фудбалерот на Ал Наср влезе во игра во 55. минута, а девет минути подоцна одлично ја избегна офсајд замката и со прекрасен лоб удар го совлада голманот Милинковиќ – Савиќ. Помошниот судија најпрвин го поништи голот, но ВАР-анализата покажа дека тој не се наоѓал во офсајд, признавајќи го голот за 3-2.

Србите беа во нокдаун, а Камерун го искористи тоа со трет гол, Абубакар повторно избегна офсајд замка и несебично го проигра Чупо Мотинг, кој немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...