Валенсија славеше со 3-1 над Хетафе и се пласираше во полуфиналето од Копа дел реј во еден од најинтересните натпревари во последните десетина години од ова натпреварување.
Хетафе имаше предност од 0-1 по првото полувреме и се чинеше дека е сигурен полуфиналист, но тогаш на сцена стапи Родриго, кој со хет-трик во второто полувреме донесе пресврт, за надминување и на негативата од првиот натпревар.
Особено драматично беше судиското продолжение, кога при резултат 2-1 Хетафе имаше контранапад за израмнување, гостинскиот фудбалер силно шутираше, но погоди свој соиграч во главата. Казната стигна 12 секунди подоцна, Валенсија веднаш тргна во контранапад, по кој Родриго погоди за конечни 3-1 и тотална еуфорија на „Месталја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА