Каков луд меч: Зенит се врати по 0-4 и со победа од 8-1 го мина Динамо Минск

Фудбалерите на Зенит остварија неверојатен подвиг откако го елиминираа Динамо Минск и покрај поразот од 4-0 на првиот меч во Белорусија. Рускиот гигант возврати со идентични 4-0 на реваншот во Санкт Петербург, за потоа по продолженија да слави со убедливи 8-1.

Успехот е уште поголем ако се знае дека од 72.. минута Зенит остана со фудбалер помалку при резултат 2-0, но сепак со двата гола на Ѕјуба мечот беше одведен во продолженија. Гостите успеаја да погодат во 99. минута преку Јахаја, но наместо „ладен туш“, тоа беше само мотив повеќе за руските играчи, кои во наредните 20 минути постигнаа уште четири погодоци, Дриуси, Ѕјуба и два на Мак.

Натпревар за кој дефинитивно уште долго ќе се говори, особено на руската фудбалска сцена.

 

Се вчитува...