Каков луд натпревар – Камерун од 0-3 до победа на пенали и освојување на бронзениот медал (ВИДЕО)

Домаќинот на африканскиот куп на нации Камерун стигна до бронзениот медал откако во неверојатно луд натпревар во малото финале славеше над Буркина Фасо по изведување на пенали. Во регуларните 90. минути натпреварот заврши без победник 3-3, но фудбалерите на Буркина Фасо никогаш нема да го заборават овој меч бидејќи до 72. минута со головите на Јаго и Оутара и смешниот автогол на Онана имаа предност од 3-0.

Сепак, фудбалот се игра до самиот крај, а тоа вечерва го покажаа Камерунците. Прво Бахокен во 72. минута намали на 3-1, додека Абубакар во 85. и 88. минута постигна два гола и го одведе мечо во пенал рулетот.

Таму Камерунците славеа со 5-3 и го освоија третото место.

Утре на програмата е финалниот меч во кој ќе се сретнат Египет и Сенегал.

 

 

Се вчитува...