Каков луд почеток – Англија поведе во 2. минута од финалето (видео)

Англичаните не можеа да посакаат подобар старт на вечерашното финале, откако по само две минути игра дојдоа во водство во битката за трофејот.

Првата посериозна можност беше претворена во гол, Трипие нафрли од десната страна, а Лук Шо се најде осамен на вториот дирек и со прецизен волеј-удар го матираше Донарума.

Се вчитува...