КАКОВ МАЈСТОРСКИ ГОЛ НА ТОДОРОСКИ: Мангупски погодок за ТСЦ (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски го постигна својот четврти гол сезонава во дресот на ТСЦ Бачка Топола во српскиот шампионат.

ТСЦ има водство од 0-1 по 70 минути игра на гостувањето против ОФК Београд во 20. коло од Суперлигата на Србија, и тоа благодарение на мајсторскиот мангупски гол на Тодороски во 35 минута од средбата.

Тодороски извнредно се снајде во домашниот шампионат, и од свртување со луциден шут го изненади голманот на ОФК Београд лобувајќи го од 15 метри…

Андреј Тодороски се уште нема деби за македонската репрезентација, бидејќи проблем е австриското државјанство кое го поседува, и покрај тоа што претходно беше желба и на досегашниот селектор Благоја Милевски.

Се вчитува...