Ракометната репрезентација на Македонија се соочува со огромен проблем откако Марко Митев заработи тешка повреда во првото полувреме од натпреварот со Словенија што се игра во Копер.
Нашата национална селекција беше во негатива кога Митев се обиде да тргне во полуконтра, притоа заработувајќи сериозна повреда. Веднаш стана очигледно дека проблемот е огромен, сите во нашиот национален тим беа максимално загрижени, по што Митев на носилки беше изнесен од теренот.
Прерано е да се прогнозира за што точно станува збор, но според првиот поглед на ситуацијата, големи се шансите Митев да не се врати до крајот на сезонава, што би значело огромен проблем за македонскиот национален пред завршните две средби од овој квалификациски циклус, но и за тимот на Алкалоид кој го очекуваат битки во македонскиот плејоф, но и во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА