Енис Барди и Леванте застанаа на патот на Барселона кон испишување на историја, спречувајќи го каталонскиот гигант да ја заврши сезоната во Примера дивизион без ниту еден единствен пораз. По голема битка Леванте вечерва во фантастичен меч ја совлада Барса со 5-4, меч што долго ќе го памети и Барди, кој со два феноменални удари го матираше Тер Штеген.
Каталонците го потценија Леванте, па допатуваа во Валенсија без Лео Меси, а домашниот тим знаеше како да го казни тоа. Во главна улога беше нашиот Енис Барди, кој во второто полувреме постигна два прекрасни погодоци, а по оној вториот за 5-1 се чинеше дека работата е завршена, а каталонците се на колена.
Сепак, предводени од Кутињо гостите се вратија, со пеналот на Луис Суарез дојдоа и до 5-4, за на крајот сепак Барди и соиграчите да одолеат, за најголема победа на Леванте оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА