Ливерпул и Реал Мадрид играа фантастично второ полувреме преполно со возбудувања на двете страни. Мекалистер донесе предност на „црвените“, по што дотогаш дефанзивните „кралеви“ ја отворија играата и на „Енфилд“ почна да се игра тотален фудбал на двете страни.
Реал имаше стопроцентна шанса за израмнување кога Робертсон го фаулираше Лукас Васкез, но Килијан Мбапе потврди дека се наоѓа во катастрофална форма, од белата точка не успевајќи да го совлада извонредниот Келехер.
Ливерпул доби идентична можност на спротивната страна откако Салах беше фаулиран од Менди, „фараонот“ самиот ја презеде одговорноста, но промаши цел гол на разочарување на домашните фанови на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА