Каков меч на Патрик Шик – Баер со „петарда“ во мрежата на Фрајбург

Баер Леверкузен се врати на четири бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен откако „фармацевтите“ славеа со убедливи 5-1 на дуелот со Фрајбург. Во главна улога беше Патрик Шик, откако чешкиот репрезентативец го одигра својот најдобар меч во клупската кариера, за првпат успевајќи да постигне четири гола на еден натпревар.

Флоријан Вирц не реализираше пенал при 0-0 во 32. минута, но германскиот ас одлично му асистираше на Шик при првиот гол во судиското продолжение од првото полувреме, кога Чехот на маестрален начин, со лоб од работ на шеснаесетникот го доведе својот тим во водство.

Вирц на стартот од вториот дел зголеми на 2-0, Фрајбург успеа да намали на 2-1, но тогаш на сцена стапи Шик постигнувајќи уште три погодоци за победнички печат на последниот меч од оваа 2024 година.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...