Каков меч: Шалке 04 од 0-4 до 4-4 против Борусија во Дортмунд!

Борусија Дортмунд и Шалке 04 одиграа неверојатен натпревар во Дортмунд во 13. коло од Бундеслигата, во кој двете екипи постигнаа секоја по четири гола во едно полувреме.

„Милионерите“ имаа предност од неверојатни 4-0 по првото полувреме, со головите на Обамејанг во 12. минута, автоголот на Стамбули во 18. минута, Геце во 20. минута и Гуереиро во 25. минута.

Во вториот дел, имаше големо враќање за гостите, кои успеаја со головите на Бургсталер, Харит и Калигули да стигнат до 4-3, за да во 94. минута Налдо донесе конечни 4-4!!! Од 72. минута Борусија Дортмунд играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на Обамејанг.

Лајпциг се проби на втората позиција на табелата, веднаш зад водечкиот Баерн Минхен, откако славеше со 2-0 против Вердер. Кеита во првиот дел и Бернардо во 89. минута беа стрелци на головите за Лајпциг.

РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО

Борусија Д. – Шалке 04 4-4

Аугсбург – Волфсбург 2-1

Ајнтрахт – Баер Л. 0-1

Фрајбург – Мајнц 2-1

Лајпциг – Вердер 2-0

Борусија М. – Баерн Минхен (18:30 ч.)

ТАБЕЛА: Баерн М.(-1) 29 бода, Лајпциг 26,  Шалке 24, Борусија Д. 21, Борусија М.(-1) 21, Баер Леверкузен 20,…

Се вчитува...