Каков меч во С.Арабија: Ал-Итихад имаше 3-1, на крај загуби од Ал-Хилал

Спектакуларен натпревар во првенството на Саудиска Арабија се одигра вечерва. Ал-Итихад на домашен терен е поразен од Ал-Хилал со 3-4, откако прокоцка предност од 3-1.

Александар Митровиќ е херојот на Ал-Хилал кој постигна три гола, донесе израмнување, а потоа Ал-Давсари донесе победа за гостите.

Ромарињо донесе предност за Ал-Итихад, а потоа Митровиќ израмни. Бензема и Хамдалах донесоа предност од 3-1. Митровиќ за само пет минути во вториот дел, во 60 и во 65 минута од пенал носи израмнувае, за Ал-Давсари да го комплетира пресвртот за својата екипа.

Се вчитува...