Каков момент: Синот на Перишиќ се симна на терен за да го утеши Нејмар (ФОТО)

Иван Перишиќ беше меѓу најзаслужните за одличниот настап на Хрватска и големата победа над Бразил, но за време на прослава по мечот шоуто го украде неговиот син Лео.

Имено, Лео Перишиќ веднаш по мечот му пријде на расплаканиот Нејмар, за да го утеши бразилскиот фудбалер кој не можеше да ги сокрие солзите по големото разочарување.

Бразилците најпрвин го сопреа малото момче, но Нејмар штом го виде го повика крај себе и го поздрави.

Се вчитува...