Неверојатни две три минути ни донесе натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска. Хрватите никако да успеат да постигнат гол против Шпанија, а се што се случуваше во овој сегмент е за прераскажување.
Бруно Петковиќ требаше само на празна мрежа да постигне гол за 3-1, но некако се сплетка па доби пенал, а Родри кој го фаулираше заработи само жолт картон. На повторената снимка се гледа дека Петковиќ се сопна самиот, но Оливер некако најде соломонско решение па досуди пенал и жолт картон.
И токму човекот што се посрамоти за сите пари ја презеде одговорноста, па успеа да го промаши и пеналот. Некако топката дојде до него и конечно ја затресе мрежата, но поради офсајд беше поништен па остана 3-0.
Croatia penalty shout against Spain 78′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА