Неверојатно „Ел Класико“ играат Реал Мадрид и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп во Џеда, во кое по само 48 минути игра каталонскиот тим има предност од 1-5.
Килијан Мбапе по само пет минути го доведе Реал Мадрид во водство и со тоа само ги налути фудбалерите на Барселона.
Веќе во 22. минута Каталонците израмнија со голот на тинејџерската супер-ѕвезда Ламин Јамал.
Барселона во 35. минута доби и пенал, а Роберт Левандовски беше прецизен за 1-2.
По само три минути уи Рафиња стрелаше за водство од 1-3, а пред полувремето беше и 1-4 со голот на Балде.