Каков проблем донесе Роналдо во Ал-Наср?

Одлуката на Кристијано Роналдо да ја прифати понудата на Ал Наср и да се пресели во Саудиска Арабија изненади многумина. Португалецот ја прифати богатата понуда и од тој момент локалната лига добива на значење.

Соиграч на Роналдо е поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Луис Густаво, кој откри какви „проблеми“ донел Кристијано во тимот.

„Сигурно, доаѓањето на Роналдо ни ги отежна работите на сите нас бидејќи сега сите тимови со нетрпение очекуваат да играат против него. Тој ги мотивира сите. Сите сакаат да се докажат во тие натпревари, што секако ни ги отежнува работите, но ние сакаме да се натпреваруваме“, рече Бразилецот и продолжи:

Триесет и петгодишниот Густаво е сигурен дека и клубот и играчите ќе имаат корист од доаѓањето на Роналдо.

„Неговото присуство во Ал Наср му дава голема предност на тимот бидејќи секој ден имаме можност да учиме од него. Во живо гледаме какви можности има како фудбалер, технички и физички. Постигна гол и се ослободи од притисокот и сигурно е дека сега ќе биде се подобар и подобар“, изјави Густаво.

Португалецот потпиша договор до летото 2025 година вреден 500 милиони евра, а пред неколку дена го прослави својот 38 роденден.

Се вчитува...